Пејачот и член на жирито во „Ѕвездите на Гранда“, Ѓорѓе Давид се најде во центарот на медиумското внимание поради сообраќајната несреќа што ја имаше вчера во Македонија, во која загина едно лице.
Семејството на познатиот пејач, кое го сочинуваат неговата сопруга и ќерката, веројатно се многу загрижени за него со оглед на тоа дека му е забрането да ја напушта Македонија.
Ѓорѓе Давид сѐ уште е во Македонија, а според неофицијални информации ќе остане тука до завршување на целата истрага.
На Ѓорѓе Давид му бил направен алкотест и било утврдено дека не бил под дејство на алкохол.
– Бев сам во автомобилот. Ми земаа урина, крв да видат дали имам супстанци, алкохол. Се разбира, немав, веднаш го открија тоа. После тоа ме однесоа кај јавен обвинител кој посочи дека немам никаква вина во овој случај. Виновникот наводно е девојката која возела и која наводно била во автомобилот со нејзината мајка која настрада – кажал Ѓорѓе и додал дека засега престојува во Македонија за да ја почитува процедурата во вакви случаи.
– Морам да бидам тука. Ме чека уште една изјава, а како што ми рекоа од обвинителството, нема да бидам во притвор бидејќи не сум виновен – истакна Ѓорѓе и додаде дека сѐ уште не може да си дојде на себе.
Инаку, Ѓорѓе Давид е постојан член на жирито на популарниот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, пејачот претходно изјави дека станал татко дури на 50 години и дека се кае поради тоа.
View this post on Instagram
Пејачот претходно за „Блиц“ изјави дека тој и неговата сопруга Ана живеат на две адреси.
– Не живеам со семејството, во еден стан сум, а во друг Ана е со детето. Кај нас се е во ред, жена ми ја сакам најмногу на светот, но поради одредени животни околности моментално сме разделени, додека не го решам станбеното прашање – открил во интервју Ѓорѓе Давид.
Инаку, Ана е 18 години помлада од Давид. А неодамна откри дека на роденденот на својата избраничка објавил два албума.
Фото: printskrin/instgaram/djordje_david