Мајката на српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ и актерот Саша Јоксимовиќ е голема поддршка на синовите, а најголем доказ за тоа е што редовно оди на нивните концерти и претстави.
Весна која има голема причина да биде горда на своите синови, во една прилика изјави дека Жељко не и исполнил една желба.
Имено, таа е среќна што нејзиниот син е успешен пејач, но сепак сакала да го види во друга област во музиката.
„Сакав да биде диригент. Тоа беше моја желба. Тој е полн со изненадувања и живее за тоа да се изненади самиот себе. Никогаш не се знае што ќе биде во иднина“ изјави мајката на Жељко пред две години.
Весна и нејзиниот сопруг се посветени на нивните пет внуци, а Весна не крие дека би сакала нејзиниот помлад син да ја израдува со уште една принова.
„Леле, многу сакам девојчиња. Ни се прошири семејството, но се надевам дека овој син ќе престане…Имам јас и друг син“, се пошегува Весна откако Жељко и Јована добија близнаци.
Мајката на Жељко е активна на социјалните мрежи и често објавува фотографии, а сите коментираат дека е вистинска дама.