Во сабота заврши 34-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, а првото место го освои Мартинијан Кириловски со песната „Стопати на ден“.
Со ова нејзиниот автор Ристо Самарџиев (музика и текст) стана најнаградуваниот автор во историјата на „Макфест“ што како автор, што како изведувач или обете.
Аранжманот на победничката песна го направил Иле Спасев, кој ги сработил и миксот и мастерингот, а истата е снимена и во неговото студио.
Мартинијан преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите, а честитки пристигнаа и од продукцијата „Гранд“ каде што Кириловски учествуваше во музичко шоу и ја ги собра сите симпатии.
„Честитаме: „Ѕвездата на Гранд“ со која Јелена Карлеуша сакаше да сними дует победи на „Макфест“, пишува Гранд.
Инаку, Кириловски на јавноста му е познат по неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде во последната сезона беше под менторство на Карлеуша и стигна до самото финале.
Јелена имаше само пофални зборови за кумановецот и истакна дека би сакала да сними дует со него.
„Кога би имала некоја супер песна која ќе му се допадна со задоволство ќе снимам дует со него бидејќи тој е прекрасен и посебан пејач, а можеби и наследник на Тоше Проески“ изјави Карлеуша во една прилика.
Во продолжение слушнете ја песната победничката песна на Макфест.
Инаку, второто место е на Александар Митевски и Драган Спасов Дац со песната „Уште ми фалиш“ кои освоија три илјади евра.
Третата позиција според гласовите на жирито и комисијата, отиде во рацете на гостинките од „Фрајле“ кои настапија со македонска песна „Не признавај“ и освоија награда од илјада евра.