Радио Милева од Љубојно до М2 и Америка... и назад

Вака денес изгледа некогашната М2 ѕвезда, Ламбе Алабакоски: Ќе го препознаете ли со вишок килограми и проретчена коса? (ФОТО)

Вака денес изгледа некогашната М2 ѕвезда, Ламбе Алабакоски: Ќе го препознаете ли со вишок килограми и проретчена коса? (ФОТО)

Тој своевремено беше една од оние  музичка надежи кои излегоа од музичкото шоу за потрага по таленти: „М2 – Потрага по ѕвезди“ на тогашниот менаџер и извршен продуцент Иво Јанкоски и композитрот и музички продуцент, Дарко Димитров.

Македонскиот пејач Ламбе Алабаковски потоа стана познат, но и покрај песните и албумите, неговата кариера никогаш не ги достигна очекуваните височини кои ја минуваат границата и стануваш сериозен играч во музичкиот шоу бизнис.

Постојано во сенка на мегапопуларниот Тоше и Елена Ристеска, која до крај беше „прва ластовичка“ во неговото „М2“ јато, „ламбата на популарноста“ на Ламбе кој остана  и без „ветер во грбот“, полека почна да се гасне.

Па така, тој го направи веројатно најпаметниот потег – се сврши со својата тогаш нова девојка, денес негова сопруга Магдалена која беше нашинка која живее во Америка, а пејачот од преспанско Љубојно заедно со неговата сакана замина да живее во САД. Оформија семејството во кое  тој и  сопругата Магдалена денес ги имаат  и синовите Димитриј и Михаил. На музиката и кажа засекогаш „збогум“, барем на професионален план, иако веројатно се’ уште потпевнува во секоја згодна прилика.

Ламбе воопшто не е присутен на музичката сцена, а не е ниту нешто премногу активен и на социјалните мрежи, иако понекогаш знае да објави нешто од неговиот живот. Особено кога се важни денови во прашање, како родендени на децата, значајни празници, посета на родната Македонија во која и не доаѓа баш често, но кога ќе се врати емоциите рабирливо се силно присутни, а старите пријатели не се забораваат. И тоа е нешто што речиси никогаш не се менува, освен едно… Времето го прави своето, па слабото, високо, симпатично, насмеано момче од Љубојно, повеќе не изгледа исто.

На една-две од последните споделен фотографии на социјалните мрежи кои се гледа дека Ламбе одново е во посета на родната Македонија, некогашната М2 ѕвезда едвај ќе ја препознаете…

Буцкаст, со вишок килограми и проретчена коса, Ламбе Алабакоски сосема поинаку изгледа… Поразлично од она што го паметиме.

Но изгледот не ја прави личноста, ниту е пак предуслов за личната среќа и популарноста… Особено не ако повеќе не си на сцената. За се’ друго, поважни се некои други предуслови и фактори.

Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/lambealabakovski

To top