Живот и Стил

Уживајте на море заедно со вашето дете со помош на овие совети

Уживајте на море заедно со вашето дете со помош на овие совети

Многумина со нетрпение го чекаат годишниот одмор за да го искористат уживајќи во убавините на морето и сонцето. Но, родителите на мали деца знаат дека тоа може да биде малку стресно и напорно.

Стручните лица советуваат да организирате некои активности за да им го направите капењето забавно и да им помогнете да го надминат стравот кои децата често го имаат од морето или од самата вода. Малото бебе може да се капе, но секогаш прво проверете ја температурата на водата.

Работи кои треба да ги понесете со себе
Сигурно е дека ќе ви треба голема торба за на плажа. Во неа ќе треба да го ставите се тоа што децата може да ги забавува неколку часа и доволно јадење и пиење.
Бебето може да се капе голо или во специјални пелени за капење. Неопходно е постојано да бидете покрај бебето кое е во вода, без разлика какви реквезити користите за заштита од давење, мускули, гуми, елече..
Овој совет треба да се применува и за поголеми деца, како пливачи така и не пливачи- бидејќи децата знаат да бидат многу непредвидливи.

Заштита
Пред да излезете од местото каде што сте сместени, намачкајте го детето со висок заштитен фактор. Облечете го полесно, а за на плажата земете и шешир или капа. Децата кои се возат во количка може дополнително да се заштитат со чадор за сонце.
Спакувајте ги сите играчки кои мислите дека ќе ви бидат потребни, но никако не заборавајте течност. Најдобро е да земете вода или чај и доколку имате можност да ги ставите во сад кој спречува загревање на течноста.
По капењето во морето, истуширајте го детето со слатка вода- солта ќе ја иритира нежната детска кожа.

Правилен избор на облека и обувки
При високи температури децата се потат повеќе, посебно тие кои се поголеми и постојано се во некоја активност, па затоа потребно е да се облечат полесно. Најдобар избор се памучните ткаенини.

Забава на плажата
Ако посетувате песочна плажа, уживајте во градењето на дворци од песок, тунели и мостови. На децата ќе им биде многу позабавно доколку и вие си играте со нив со песокот. Правете скулптури од песок, собирајте камчиња и школки..

извор:среќа.мк

To top