Лидија Вукиќевиќ неодамна призна дека е повторно заљубена, и дека ужива во секој момент поминат со своето 10 години помладо момче.
Нејзиниот нов избраник по професија е сликар, а живее и работи во Италија, каде актерката престојуваше до пред неколку дена.
Таа се возела во гондола во Венеција, додека позирала во бел фустан и споделувала моменти со своите следбеници. Сепак, многумина се на мислење дека уметникот е тој што снимил сè и и правел друштво во еден убав, сончев ден.
Лидија неодамна за медиумите проговори за својата нова љубов, а истакна дека нејзиниот помлад партнер внесол нова енергија и радост во нејзиниот живот. Исто така, актерката додала дека во моментов и одговара врска на далечина, но дека не размислува да се пресели и да ја напушти Србија.
– Се гледаме повремено. Ја сакам љубовта на далечина, никогаш не може да ми здосади, секогаш добро се забавувате. И секогаш кога ќе се видиме како да е прв пат. Кога сте постојано заедно, многу работи се разоткриваат, нешто што можеби не го сакате излегува на површина. Навиката ја убива љубовта. Кога мојот партнер ќе стане како брат, време е да си заминам. Бидејќи и двајцата сме уметници, многу добро се разбираме. Не размислувам за преселба во Италија, јас сум типична жена за оваа возраст. Со години живеев во Холандија и Турција и сфатив дека најмногу ја сакам Србија, дека е најубаво овде. Можам да патувам, но се враќам бидејќи овде се чувствувам најдобро – изјавила таа за „Глорија“.
фото:Инстаграм принтскрин/Лидија Викиќевиќ