Радио Милева првокласна убавица

Ужива во дворецот: Ќерката на Драгана Мирковиќ ја воодушеви јавноста (фото)

Ужива во дворецот: Ќерката на Драгана Мирковиќ ја воодушеви јавноста (фото)

Мануела Бијелиќ неодамна го прослави својот 20-ти роденден. А, оттогаш таа не престанува да се појавува во медиумите, што претходно не беше случај. Драгана Мирковиќ вешто ги криела своите деца од очите на јавноста, но според неа тие никогаш немале желба за јавно експонирање.

Неодамна сопругот на Драгана Мирковиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија со својата наследничка и ја воодушеви јавноста.

Тони и Мануела позираа во дворот, пред нивниот замок. Мануела блесна во тесен зелен фустан со  разголено рамо и покажа дека ужива во прегратката на нејзиниот татко.

Јавноста не го криеше ентузијазмот за фотографијата – „Прекрасна. Убава како нејзините родители“, „Убава слика“, „Убавица“, „Боже, колку е убава како ангел е“, коментираа следбениците.

Тони и Драгана во последно време често објавуваат фотографии со нивната наследничка. Можеби Мануела сепак одлучила да заплива во јавни води. Она што треба да се истакне е дека наследничката на Драгана секој пат изгледа се подобро.

Многумина коментираат дека Мануела е истата како Драгана кога беше на почетокот на кариерата. Судејќи по овие фотографии, девојката е вистинска убавица. Првокласната жена често укажува на скромноста на своите деца, на што е особено горда.

Дали Мануела навистина личи на нејзината мајка или можеби е уште поубава?

Фото:Принтскрин/Инстаграм/tonibijelic/manubijelic

To top