Една од најактивните корисници на социјалните мрежи дефинитивно е пејачката Тамара Тодевска која често објавува фотографии и ги известува корисниците за своите активности.
Најчесто објавува видеа, фотографии од неа или нејзината ќерка Хана која со своите реакции ќе ве освои на прва. Дури и има прекрасни модни комбинации кои одлично и стојат на нејзините години.
Деновиве, мама Тамара и Хана посетија фризерско студио, а и овој момент пејачката не го криеше и го сподели на социјалните мрежи.
Имено, во кратките приказни на „Инстаграм“, Тодевска се пофали со новата фрузира на ќеричката која секогаш знае како да позира.
Инаку, Тодевска неодамна стана мајка за вторпат, односно го има синот Дарен.
Токму своето слободно време го поминува со нејзините најмили, а некогаш знае и да го покаже Дарен.
Неодамна, во една емисија Тамара изјави дека Хана и Дарен ја промениле, ја дефинирале како личност.
Oваа година Тамара ќе не претставува на Евровоизја во Тел Авив, а на својот „Фејсбук“ јавно се обрати и кажа дека таа вечер ќе пее за ќерката Хана.