Радио Милева

Уште една македонска пејачка го прокоментира скандалот со Јелена Карлеуша

Уште една македонска пејачка го прокоментира скандалот со Јелена Карлеуша

Во последниот период главна тема во сите медиуми во регионот беше порно скандалот на Јелена Карлеуша.

Имено, наводно пејачката имала афера со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш на кој му праќала експлицтни фотографии.

Во медиумите се појавија експлицитни фотографии кои наводно Карлеуша му ги праќала на Огњен. Истот така се појави и заедничко видео од Aтина.

Карлеуша ги демантираше сите овие пишувања дека фотографиите се монтажа.

Многумина естрадни личности застанаа на страната на пејачката истакнувајќи дека пред се таа е мајка, сопруга, жена.

За овој скандал проговори и македонската фолкерка Ирена Спасовска, која во интервју за „Ексклузив“ откри што мисли за скандалот кој го тресе регионот.

„Јелена Карлеуша е една паметна личност, мислам дека не би си дозволила снимки да излезат во јавност. Можеби тоа е смислено, можеби во игра се големи пари. Таа естрада не може да се мери со нашата. Можеби и со онаа технологија на „Фотошоп“ да е нешто монтирано,ако е така, навистина е многу дрско бидејќи таа е мајка, жена, сопруга.Крајот на краиштата и така да е, се тоа се случува постојано, но јавните личности секогаш се ударна мета“ изјави Ирена.

Во интервјуто Ирена проговори и за својот приватен живот односно откри зошто се разделила од новинарот  Орце Гелевски.

„Како што постои почеток, постои и крај. Орце е прекрасен човек, немам некои посебни причини што се разделвиме. Во тој момент јас имав многу настапи,многу турнеии, многу патував, па можеби се тоа се одрази на мојот приватен живот. Решивме дека треба да си дадеме време кое сите заслужуваме да си го имаме за себе. Јас како „сингл“ функционирам подобро“ изјави Ирена.

Фолк пејачката и новинарот беа во врска 13 години.

To top