Вистаграм

Уредете го домот во јапанди стил: Ова е моментално најпопуларниот тренд во уредување на ентериерот

Уредете го домот во јапанди стил: Ова е моментално најпопуларниот тренд во уредување на ентериерот

Судејќи по зборовите на дизајнерите на ентериер, стилот јапанди ќе биде многу популарен во уредувањето во 2021 година, а станува збор за стил кој ги спојува јапонскиот дизајн и скандинавскиот минимализам.

Иако овој стил не е сосема нов, тој ќе доживее вистинска експанзија оваа година. Основниот акцент кај овој стил е ставен на функционалниот мебел, минимализмот, природните материјали, едноставните линии и неутралните бои.

Целата идеја е да се формира простор во кој ќе се чувствуваме пријатно и удобно.

Поентата е да се водите според правилото „помалку е повеќе“, а тоа значи да изберете неколку впечатливи детали, додека преостанатите треба да бидат едноставни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Japandi (@japandi.living)

Најчестиот избор, кога станува збор за овој тренд, се беж и белата боја.

Уметничките дела, исто така се фантастичен начин како да се оживее овој тренд. Побарајте неутрални и апстрактни слики за да го надополните просторот. Овој тренд е насочен кон пронаоѓање убавина во несовршеностите, како детали од необработено дрво или рачно нацртани детали.

Ако сето ова ве заинтригира и сакате да внесете промени во домот, погледнете ги фотографиите во продолжение и пронајдете инспирација:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Japandi (@japandi_design)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Japandi (@japandi_design)

извор:точка.ком.мк

To top