Кој стил да се избере, какви бои да се користат и како максимално да се искористи просторот – ова се главните прашања кои се наметнуваат кога одлучуваме да го преуредиме просторот во кој живееме.
Без оглед на тоа кој стил го претпочитаме, најважно е домот да се претвори во оаза на мирот во која вистински ќе уживаме. Трендовите во уредување на ентериерот постојано се менуваат, но ова е златно правило кое никогаш нема да излезе од мода.
Бохо стилот во уредувањето на ентериерот се врати на голема врата, но овојпат во комбинација со омилениот скандинавски стил.
View this post on Instagram
Валерија од Италија го уредила домот токму во комбинација од овие два стила, а нејзиниот стан може да ви послужи како инспирација доколку планирате да го преуредите вашето место на живеење.
Нејзиниот стан се состои од пространа дневна соба, спална соба, кујна, работен простор и лоџа во која Валерија го поминува поголемиот дел од времето.
Таа за уредување на својот стан користела во главно бела боја која ја комбинирала со земјени тонови и многу дрвени површини, па така во светлиот простор внела доза на топлина.
View this post on Instagram
На тој начин успешно ги искомбинирала карактеристиките на двата популарни стила – скандинавскиот, кој се карактеризира со нешто постудени тонови, и бохо стилот во кој најважни се удобноста и украсните предмети.
Во домот на Валерија можеме да видиме бели ѕидови, кои го прават станот простран и свеж, дрвени предмети, плетени корпи и теписи и многу текстилни елементи. Посебна карактеристика на овој стан секако е лоџата која Валерија ја украсила со стари предмети. Плетената гарнитура изгледа навистина ефектно, а целокупниот впечаток е уште поубав поради винтиџ тепихот и мноштвото зеленило.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Извор: Кармин. мк