Пејачката и задругарката Маријана Зонјиќ (25) тврди дека ноќта пред да влезе во „Задруга 5“ ја поминала во креветот на Аца Лукас.
Имено, како што тврди, вечерта пред да влезе во реалното шоу пејачот ја поканил да имаат интимни односи и тоа со уште една девојка.
„Лукас најмногу сака односи со две девојки, но јас не сум за таа опција. Сакам класичен интимен однос меѓу една жена и еден маж. Иако му го кажав тоа, тој на крајот повика уште една пријателка да ни се придружи во кревет. Кога дојде таа, јас побегнав’, вели таа за „Информер“ и откри дека Аца го запознала пред неколку години кога била негов фан.
„Лукас го запознав во Подгорица на еден настап, сакав да се фотографирам со него и така започна се. Кога бевме заедно често ми зборуваше за неговата поранешна сопруга. Аца ми откри и со кој се бил од естрадата, но не ми е должност тоа да го изнесувам во јавност. Моето семејство се налути кога дознаа за нас, ми велеа дека не ми треба, но јас продолжив да се гледам со него во неговиот стан“, вели Маријана.
Таа исто така откри дека и пред влегувањето во „Задруга“ немала афера само со Лукас туку и со момчето на својата пријателка Маја Маринковиќ кој исто така влезе во реалното шоу.
„Со Маја сме во добри односи, но таа не знае што се случи со Филип Царем. Дури ми се јави да ми каже да се чувам во „Задруга“, а не знае дека се бакнував со него. Ми праќаше пораки дека му се допаѓам и дека е луд за мене. Кога излегов со пријателите, падна и бакнеж, но ништо повеќе од тоа“, вели задругарката.
фото: зоран илиќ/милан илиќ/рас комбо/прннтскрин/рас србија