Мерјем Узерли е несомнено најпопуларната турска актерка на овој век. Султанија Хурем ја издигна до ѕвездите, за малку да ќе го засени моќниот Сулејман Величествениот, а потоа без објаснување го напушти снимањето на серијата и побегна од Истанбул.
Доживеала нервен слом, била на работ на самоубиство кога турски бизнисмен ја оставил, но успеала да застане на нозе.
Центар на нејзиниот свет се нејзините ќерки Лара и Лили, со кои живее во Германија, каде што, инаку, е родена. Најголема поддршка и даваат родителите, мајката Урсула и таткото Хусеин. Дали знаевте дека Мерјем има и сестра?
Џанан Узерли е две години постара и се занимава со уметност. Сепак, таа не избра актерство, туку музика, поточно џез. Има свој бенд, со кој успешно настапува во Германија.
Колку е популарна во тој жанр се гледа од фактот дека минатата есен одржа концерт во луксузната нова сала на „Elbphilharmonie“ во Хамбург.
Убавината тече во нивното семејство, би рекол некој. Џанан е активна на Инстаграм каде има повеќе од 51.000 следбеници, а најчесто објавува фотографии поврзани со нејзината професија и настапи. Има и слики со најблиските – родители и помалата сестра. Фановите често се воодушевени од старите слики од нивното детство.
Базата на убавата Џанан е во Германија, каде што живее и Мерјем. Нејзиниот емотивен статус не е познат.
фото: Blue Diamond/Instagram printsrin