Младата српска музичка sвезда Милица Павловиќ, уште еднаш покажа зошто важи за една од најубавите и една од најуспешните пејачки в регионот, бидејќи опасно ја „затресе“ Будва за новогодишната ноќ, а изгледаше вонсериски.
Секси сењорита настапи во еден клуб во Будва, а со својата енергија и хитови направи ноќ за паметење.
Таа на сцената застанала половина час пред полноќ, а за дочекот на 2020 година имаше специјална креација од хрватски дизајнер, која за неа пристигна од Загреб.
View this post on Instagram
Фустанот со кристален корсет беше совршен за Милица и во преден план го истакна нејзиното згодно тело, па доби многу комплименти дека изгледа како кукла.
Популарната пејачка по настапот се врати во Белград и за неколку часа замина директно во Златибор, каде ја повтори забавата!