Емина Јаховиќ е многу поврзана со семејството, па од време на време знае да објави фотографија со некој од членовите.
Таа пораснала во семејство на лекари. Мајка и е педијатар, сестра и е детски психијатар, а татко и бил кардиолог. За жал, тој починал додека Емина била мала. Пејачката исто така има и брат кој е познат кошаркар.
Јаховиќ неодамна на Инстаграм објави фотографија со нејзината мајка.
Веруваме дека таа и е голема поддршка во нејзината музичка кариера, како и во тешките моменти по разводот со Мустафа.