Познато е дека врвниот македонски инфектолог Др. Вело Марковски сега е во брак со многу помладата Евгенија Николовска – Марковска, која на јавноста исто така не и е непозната од порано. Особено на онаа естрадната и медиумите кои ја третираат естрадата, музиката, светот на модата и забавата.
Вело и Евгенија и покрај разликата во години имаат совршено складен и хармоничен брак, а плод на нивната љубов се и двете дечиња: синчето, кое ќе го добијат набргу откако ќе запловат во брачните води и ќеркичката која брачната двојка ја доби на првиот ден од 2021-ва година.
На некогашната манекенка, мисица и модел, денес магистер по економија и бизнис администрација не и требаше многу за брзо време по породувањето се врати во топ форма, па набргу на Инстаграм почна да објавува фотографии, на кои изгледа неверојатно… Како Евгенија никогаш да нема родено!
Така изгледа и на оваа сегашна фотографија, на која таа направила компарација со својот изглед од пред десет години, кога Евгенија се појавуваше на македонските избори за мис!
Имено, на фотографијата направена сега, таа изгледа и помладо и поубаво, па дури е и послаба отколку на онаа од пред 10 години, каде е сликана на еден од споменатите избори, во чие модно жири се гледа дека биле и некои познати личности… Од естрадни менаџери, како легендарниот Велибор Џаровски – Џаро, до денешни заменици министри, како Зоран Димитровски од македонското министерството за локална самоуправа!
Како и да е, на фотографиите за споредба, Евгенија пред 10 години е убавица, а сега уште поубава, отколку кога била мисица!
Инаку таа е поранешна манекенка и мисица, некогашна членка на модното студио „Шанел“ од Битола со кое има учествувано на многу модни ревии, а освоено и повеќе титули на разните избори за убавина.
Потоа таа се повлекува од манекенството, моделството и медиумите па, откако ќе стапи во брак со доктор Маркоски, освен блиското опкружување, за неа пошироката јавноста нема многу да слушне…
Се’ до пред некое време кога се појави одново во јавноста како млада и убава сопруга во вториот брак на познатиот инфектолог.
Фото: Инстаграм принтскрин/evgenija.markovska