Радио Милева Оригинално

Убав и среќен ден за Јелена Јованова: Актерката за роденден доби преубав подарок со кој не можеше, а да не се пофали (фото)

Убав и среќен ден за Јелена Јованова: Актерката за роденден доби преубав подарок со кој не можеше, а да не се пофали (фото)

Нашата македонска актерка Јелена Јованова која публиката ја знае по улогата на Јелена од Драчево во серијата „Преспав“ денес има убав повод за славење.

Имено, актерката со хрватска адреса на живеење слави роденден.

По тој повод, на нејзиниот профил на „Инстаграм“ осамнуваат честитки со убави желби и заеднички фотографии.

Јованова не е од оние дами кои ги кријат годините, па нема проблем да открие дека денес полни 38 години.

Иако можеби многумина помислија дека објавата од рецепцијата на Јелена од Драчево е најава за нова седма сезона на „Преспав“, но всушност тоа беше порарок од преубавата слика портрет од Јелена  направена од портерти.мк на кои славеничката се заблагодари.

Иако беше начнат муабет дека нова сезона на „Преспав“ ќе се снима и прикажува од декември, засега нема информации околу тоа.

За потсетување, во јуни 2020 година, Јелена за првпат се реализираше во улогата на мајка и со нејзиниот сопруг, хрватскиот актер, Стјепан Периќ добија син.

Среќен роденден!

фото: инстаграм/јелена јованова

To top