Туширањето наутро пред сите дневни обврски е одлична навика, но само ако ја користите вистинската температура на водата.
Ако сакате да се расоните под жежок туш после будење, всушност си нанесувате повеќе штета од корист, бидејќи после напуштањето на топлиот туш во ладна соба доаѓа до нагло паѓање телесната температура, што доведува до опуштање на целото тело и успивање.
Експертите препорачуваат температурата на водата да ја менувате – топла, потоа ладна и така во круг до последните минути кога само ладна вода треба да пуштите преку себе.
Оваа промена ќе ги отвори капиларите, ќе ја подобри циркулацијата во телото, ќе ве разбуди и ќе ве подготви за работниот ден.
Покрај тоа, разни студии покажале дека туширањето со ладна вода ја зголемува толеранцијата на стрес, го зајакнува имунитетот и помага во согорување на мастите, пренесува „The Sun“.
извор: точка.мк