Цеца Ражнатовиќ се труди да биде модерна и поинаква секој пат кога ќе се појави на музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“. Иако не е лесно за секое снимање да има нов стајлинг кој ќе биде подеднакво забележан и доволно впечатлив, таа се се обидува да се снајде сама.
За снимањето на новата емисија, Цеца реши да носи црно од глава до петици, бидејќи и е јаснпо дека класиката е секогаш во мода и дека нема да направи грешка.
Таа се појави во светкави панталони и чизми со детали од тул, а целокупниот стајлинг го заокружи со црна наметка и голема плик чанта.
View this post on Instagram
Пред насобраните новинари таа се исповеда за потешкотијата кога изборот на стајлинг е во прашање.
– Немам повеќе инспирација! Пресметав дека до крајот на сезоната само за моето шоу ќе ми требаат околу 130 стајлинзи, се на се. Посебно „Ѕвезде Гранда“, посебно концерти, не знам како да го изведам тоа без да повторам нешто. Едноставно е невозможно, мислам да не личи на некој стајлинг, нешто што веќе сум го носела. Не ми е лесно – низ насмевка изјави Цеца.
фото/видео:Инстаграм / звезде гранда