Бремената Стејси Вајт (22) го изгубила видот на два дена, од третман кој е популарен во последно време кај девојките.
Стејси за три години ставала трепки во истиот салон, сепак, поради бременост, таа одлучила да оди во салон, кој се наоѓа на неколку минути од нејзиниот дом. Козметичарката ја прашала дали таа сака да се направи тест за алергија, но таа го одбила затоа што три години става вештачки трепки и никогаш не дошло до проблеми.
“Се чувствував различно, тоа не беше пријатно. Во еден момент добив лепак во окото, козметиката беше го исчисти , но многу болеше”, изјавува таа за “Мирор”. Кога стигнала дома видела дека нејзините очи почна да отекуваат, солзат и многу болат.
“Првин ја игнорирав болката, но стануваше посилна и посилна. Тоа беше ужасно, не мислев дека ќе ослепам. Од минута во минува беше се полошо”, вели таа.
Pregnant Woman Feared She Would Never See Baby’s Face After False Lashes Made Her ‘Blind’ https://t.co/6xdeSjZ8SY pic.twitter.com/47GPzsEF32
— Onome Igugu (@onome_tsb) July 31, 2018
Веднаш била кај доктор кој ги дал само капки за очи. Сепак, ситуацијата не се подобрила туку станала многу лоша. .
“Го изгубив видот, сер беше темно пред моите очи, не гледав ништо. , Се плашев мислев ќе останам слепа. Имав денови на тешка главоболка, болка во и под очите, имав треска, јас бев навистина исплашена, особено за бременоста. Повторно морав да одам на лекар “, вели Стејси и ги советува девојките да внимаваат многу, особено во бременоста.