Огњен Амиџиќ и неговата дваесет години помлада колешка Мина Наумовиќ во април открија дека се во емотивна врска, не многу време откако водителот се разведе од Данијела Димитровска со која мина една деценија во брак. Јавноста не го дочека со одобрување новиот пар, дури се шпекулираше дека започнале романса додека тој се уште бил во брак.
Огњен и Мина чекаат бебе и планираат свадба, а осудите не стивнуваат.
Парот досега не се огласил на оваа тема, фокусирани се на иднината и добрите работи кои следат, но на Мини изгледа и е доста од сите негативни коментари.
По тој повод, Мина се огласи на Инстаграм и порача дека нема повеќе да трпи осуди, барем не на нејзините профили на социјалните мрежи.
„Со месеци ги трпам најлошите навреди и закани поради медиумската кампања (намерно го користам тој термин) во која се ширеа еден куп лаги и во која ме претставуваа како негативец“, започна партнерката на Огњен.
„Во петтиот месец од бременоста веќе не сакам и немам потреба да бидам изложена на тоа, барем не на мојот Инстаграм профил. Се скрив зад камерите и се повлеков од јавниот живот бидејќи во овој момент ми треба приватност и мир“, изјавила Мина и заклучила:
„Ако сепак треба да седите на мојот профил, да чекате да видите каде сум и што правам, направете го тоа во тишината на вашите темни ходници, бидејќи во спротивно нема да имате можност. Секој профил што ќе ми испрати нешто лошо ќе биде блокиран. Задолжително имајте на ум дека тоа нема да ги реши вашите проблеми или да ви ги плати сметките, во секој случај“, напиша таа.
фото:instagram printskrin