Живот и Стил

Три зачини кои го подобруваат здравјето и ги чистат белите дробови – тие се вистински дар од природата

Три зачини кои го подобруваат здравјето и ги чистат белите дробови – тие се вистински дар од природата

Бројни истражувања покажале дека консумирањето одреден вид на храна и пијалаци му помагаат на телото да се ослободи од штетните работи во организмот.

Ова се трите главни зачини кои можат да ги прочитат вашите бели дробови.

Куркума

Студијата покажала дека ова растение го подобрува чистењето на белите дробови од штетните работи како последица на пушењето или живот во загадена средина. Покрај тоа куркумата е превенција и за болести на дишните патишта.

Куркумата традиционално се користи за кари и други индиски јадења, подготовка на златно млеко и различни здрави смутија. За да уживате во благодатите на куркумата, помешајте ја со малку бибер.

Лук

Лукот им дава вкус на многу од јадењата, а најмногу лековити својства има кога се јаде свеж. Сепак, имајте на ум дека поголема количина на лук не им се препорачува на лицата кои имаат проблем со варењето на храната и желудникот.

Лукот има многу лековити својства. Го нарекуваат природен антибиотик, средство за одзатнување на дишните патишта, моќно растение со антиканцерогени и противвоспалителни својства кое одлично се бори против вирусите.

Содржи алицин којшто ги уништува инфекциите на дишните патишта, а многу студии покажале дека е одличен за чистењето на белите дробови кај лицата кои се пушачи.

Ѓумбир

Многу лековити карактеристики има и ѓумбирот. Тој го јакне имунитетот, го подобрува варењето на храната, ја намалува надуеноста, ги намалува воспалителните процеси во телото и ги исфрла токсините од белите дробови и останатите делови од телото поради што им се препорачува на пушачите.

Иако овој корен има лимонска арома и потекнува од југоисточна Азија, сепак во последните години е сè поприсутен и на нашиот пазар. Од него најчесто се подготвува чај или пак се додава во здрави напитоци, а може да се користи и како зачин за слатки и солени јадења.

Ѓумбирот е многу потентен. Дневно не смеете да изедете повеќе од едно парче ѓумбир со големина од околу два сантиметри. Доколку не сте сигурни за правилната доза, консултирајте се со доктор или нутриционист.

извор:точка.ком.мк

To top