Радио Милева
„широкоградо“ трио

Три македонски цицлести убавици нудат услуги и подароци за претстојните празници: На масажа кај Ани-„Црна мачка“, по облека кај Накова, на песна кај Гавазова (ФОТО)

Три македонски цицлести убавици нудат услуги и подароци за претстојните празници: На масажа кај Ани-„Црна мачка“, по облека кај Накова, на песна кај Гавазова (ФОТО)

Нова Година чука на вратата, што значи дека е време да се фатите за џебот и да ја трошите платата, хонорарот, џепарлакот, што и да е, важно за арно да е.  Дури и во ова време-невреме, кога коронапандемијата повеќе не окупира од дочекот и прославата на Новата Година и Божиќ, к вака или онака, народот сепак се подготвува даги дочека во весело расположение, онолку колку што може.

Деновите пред најлудата вечер во годината се секако резервирани за потрошувачката еуфорија во која секој од нас троши – кој колку може да си дозволи да потроши. И додека за повеќето ова се денови нешто да се купи, за оние другите се денови кога најмногу може да се продаде. Од обичните трговци, па се до познатите личности, кои продаваат и матријална стока и нематеријални услуги.

Меѓу сите ѕвезди – три македонски цицлести убавици нудат услуги и подароци за претстојните новогодишни и божиќни празници.

Првата – најпознатата македонска стриптизета Ани – „Црна мачка“, која патем работи и во најпознатиот македонски секс шоп лоциран во центарот на престолнината, кој не е само продавница за„играчки за возрасни“, туку нуди и малку поинакви услуги, како на пример масажа.

Релаксирачка, ароматична, еротска… За него, за неа, или за обајцата…  Нежни еротски допири со егзотичен танц за длабоко задоволство и релаксација во пријатен амбиент.

Па као сте решиле дека ви е време за ваква релаксација пред Нова Година, обратете се кај силиконската убавица и закажете нешто од понудената палета кај цицлестата стриптизета, Ани – „Црна мачка“.

Втората – најпознатиот македонски модел од југот, Александра Накова, секогаш доволно атрактивна и максимално провокативна, гевгелиската убавица која секогаш кога ќе се појави на околината одново  и го крева притисокот… На мажите од возбуда, на дамите од љубомора.

Откако неодамна стана сопственичка на бутик за женска облека, Накова е постојано активна на социјалните мрежи, на кои секогаш има што да понуди. Дали дел од себе и својот телесен раскош барем на миг или она што го има на рафтот и во излогот на нејзиниот бутик.

Цицлестата силконска убавица е вредна газдарица која знае што на себе да (с)облече, па како муштериите да ги привлече, за да го посетат нејзиниот дуќан за женска гардероба.

Машките да купат подарок за својата поубава половина, а дамите да се подноват со некое модно парче за Нова Година.

Третата – една од најпознатите македонски фолкерки, чии телесни пропорции и мерки во ништо не заостануваат зад претходните две убавици. Сузана Гавазова своите обожаватели секогаш знае да ги изненади и израдува и со нова песна и со она што и  е дарба телесна, од Бога дадена или малку естетски надоградена.

Последната нејзина објава е од снимањето во една скопска продукција на новогодишната програма за една македонска национална телевизија.

Долг, свечен црн фустан, широко отворен со длабоко деколте и голо пупаче за повеќе од провокативен и заводлив секси изглед на распеаното струмичко маче.

Ако останете дома за Нова Година, не го пропуштајте нејзиниот настап на оваа програма, ако пак решите да заминете некаде на дочек, каде што се пее, пие, оро се вие и се игра чочек, распрашајте се за лудата ноќ каде ќе настапува Гавазова. Забавата ви е загарантирана, возбудата уште повеќе.

Како и да е трите македонски цицлести убавици, секоја на свој начин ви нудат предновогодишни предизвици…

Ваше е од која што ќе одберете: да се масирате и релаксирате, свечено облечете или лудо проведете, најдобро на свет? А зошто да не и трите работи во пакет!?

Фото: Инстаграм принтскрин/suzanagavazova/nakovaaleksandra__official/anicrna.macka

 

Останати вести од Радио Милева