Луѓето секогаш сакаат да ја започнат новата година како нова личност и да променат сè што не им се допаѓало во текот на минатата година. Покрај промените во навиките и во однесувањето, добредојдени се и физички промени како што е промената на фризура, а овие кратки фризури ќе бидат популарни во текот на оваа година.
1. Ултра краток боб со шишки
Ваква фризура носеа некои од членовите на Битлси во шеесеттите години, а сега повторно се враќа во мода. Но, не грижите се затоа што кружнита фризура сега доаѓа во помодерна форма. Косата е подолга на страните и на задниот дел, а предниот дел е заоблен и краток. Направете и заоблени шишки затоа што тие ѝ даваат поженствен изглед на оваа фризура.
2. Непрецизен боб
Овој вид боб е омилен меѓу кратките фризури и се смета за сигурна и впечатлива промена, особено ако имате долга коса и досега не сте направиле драстична промена. Во текот на 2020 година, бобот ќе биде помалку прецизен, па предните прамени коса оставете ги подолги. Оваа фризура остава впечаток на поголем волумен на косата.
3. Кратки прамени
извор: Кафепауза