Живот и Стил

Трендови за патување што треба да ги следите во 2020 година

Трендови за патување што треба да ги следите во 2020 година

Во последно време, патувањето стана важен дел од животите на луѓето. Авионските билети и сместувањето станаа исклучително поволни, без оглед на дестинацијата и на должината на патувањето. Сега можете да патувате на другиот крај на светот и не ви треба огромна сума пари за една таква авантура. Во продолжение прочитајте кои трендови за патување ќе бидат актуелни оваа година, каде и како да патувате и на што да се придржувате.

1. Кратки одмори

Долгите летови и патувања каде што поминувате десет или повеќе денови веќе не се толку популарни. Кратките патувања во странство се сè повеќе популарни, особено кога станува збор за продолжените викенди неколку пати годишно во земји од коишто сте оддалечени само неколку часа со авион. На овој начин ќе ги избегнете долгото чекање на аеродромите и многуте часови поминати во авион. Исто така, можете да си дозволите пократки одмори неколку пати годишно.

2. Велнес одмори во природа

Велнес одморите кои ги поминувате во природа стануваат сè попопуларни, вклучувајќи ги звучната и шумската терапија. Сè повеќе сместувања нудат програми што ги промовираат личната трансформација и фокусот на менталните и на духовните ефекти од природата.

3. Одржливост на луксузниот туризам

Сè поголем број авиокомпании се одлучуваат за еколошки прифатливи идеи, така што „зелените патувања“, чија главна цел е одржливост и грижа за животната средина, ќе станат голем тренд.

4. Голем интерес за нови начини на транспорт

Бидејќи патувањата со авион имаат големо влијание врз животната средина, сè повеќе луѓе се одлучуваат за различни превозни средства. На тој начин, ќе се намалат климатските промени. Ако луѓето покажуваат интерес за еколошките начини на транспорт, ќе се вратат постарите и поодржливите начини на транспорт, како што се патувањето со воз или со брод.

5. Вегански хотели

Доколку целиот свет би се определил за живот без месо до 2050 година, би се спасиле 8 милиони луѓе и ќе се намали ефектот на стаклена градина за дури две третини. Со зголемениот број луѓе кои се одлучуваат за веганска исхрана, се појави потребата за вегански хотели. Еден од нив е првиот англиски вегански хотел кој во своите простории нема волна, свила и пердуви, а ресторанот се заснова на растителна храна.

извор: Кафепауза

To top