Венчињата за коса како оние кои ги прослави Блер во серијата „Gossip Girl“ повторно се враќаат на модната сцена.
Овој женствен и романтичен аксесоар уште еднаш успеа да ги освои срцата на дамите ширум светот. Оваа сезона акцентот е ставен на модните додатоци за коса, а правилото гласи – што повпечатливо, тоа подобро.
Венчињата со предимензиониран дизајн веќе станаа водечки тренд. Често можеме да видиме модели изработени од сатен, кадифе или кожа, а на вас останува да го изберете она кое најмногу ви се допаѓа и се вклопува во вашиот стил.
Ваквиот аксесоар може да биде дел од лежерните, но и посвечени комбинации.
извор: кармин.точка.ком.мк