Новата 2022 година е сè поблиску, а со неа пристигнуваат нови почетоци, но и нови трендови.
Доколку планирате да ја реновирате вашата кујна, можеби ќе ве инспирираат боите кои во годината пред нас ќе бидат популарни токму во уредувањето на овој дел од домот.
На уредувањето на кујната му се пристапува со посебно внимание и возбуда бидејќи таа за многумина е централна просторија во домот. Секако, покрај естетиката, важно е кујната да биде и функционална, а тоа може да се постигне без оглед на квадратурата.
Што се однесува до боите, нема да погрешите ако вашата кујна ја уредите во бела боја, дрвени тонови или нијанси на сина и зелена. Токму овие бои ќе бидат голем тренд во 2022 година, а особено убаво изгледа комбинацијата од бела боја и дрвени нијанси.
Темносината и темнозелената боја оставаат впечаток на елеганција и софистицираност и се одличен избор за поголемите кујни додека посветлите нијанси ќе внесат свежина и ведрина во просторот и се совршен избор за „винтиџ“ уредување.
Погледнете ги фотографиите и пронајдете инспирација за вашето наредно уредување на кујната:
извор: кармин.точка.мк