Тој е еден од најпознатите и најпопуларните пејачи на народна музика во регионот.
Пејачката кариера ја започна во далечната 1972 година со песната „Сакав девојка од градот“. По таа песна, тој постигна голем успех со албумот „Се сретнавме, одамна беше“. Неколку години подоцна, пејачот снима спот за својот деби албум, а главната улога ја толкува Соња Савиќ.
Покрај низата бројни песни, најголеми хитови се „Животот не е една жена“, „Поздрави ја, поздрави“, „Ќе ги скршам чашите од кристал“, „Уште нешто те прави посебна“, „Божествена жена“ и други.
Иако кариерата на пејачоттрае над 50 години, малку се сликите кои сведочат за нејзиниот почеток. Сега на социјалната мрежа Инстаграм се појави фотографија од Мирослав Илиќ од младоста.
На фотографијата која кружи на интернет, фолкерот има 26 години и е направена на самиот почеток на неговата мегауспешна кариера.
Она што е забележливо е дека пејачот има долга кафена коса, како и широка насмевка која и денес остана негов заштитен знак.
Фото: Инстаграм принтскрин/estradni.arhiv/miroslavilicofficial