Јелена Карлеуша го прослави 41-от роденден во елитен ресторан во Белград.
Пејачката се појави во бел фустан и перика на главата во сина нијанса, изглед кој изненади по едноставноста бидејќи навикнавме да ја гледаме во еклектични и провокативни изданија.
Ќеките, Атина и Ника, ја следеа во чекор нивната мајка, а неколку познати пејачи се појавија на малиот, но луксузен роденден.
Нешто подоцна, меѓу гостите се појавил и сопругот на Јелена, фудбалерот Душко Тошиќ.
Покрај членовите на семејството, се појавија и Дара Бубамара, Мира Шкориќ, Ана Бекута, поранешната сопруга на Аце Лукас, Соња Вуксановиќ и други…
Луксузната торта на четири спрата со „Версаче“ декорација ги воодушеви сите, а Карлеуша како славеничка ги забавуваше сите присутни.
фото:инстаграм/принтскрин