Оваа овошна торта е идеална за освежување во текот на топлите летни денови.
Потребни состојки:
За кора:
- 180 грама брашно
- 280 грама шеќер
- 2 лажички сода бикарбона
- 2 конзерви ананас
- 2 јајца
- 40 грама кокос
За фил:
- 250 грама маскарпоне сирење
- 100 грама путер
- 65 грама шеќер во прав
- 120 грама сечкани ореви
- 1 ванилин шеќер
Начин на подготовка:
- Изматете ги јајцата, додајте малку шеќер и сокот од ананас од конзервата.
- Додајте ги брашното, сода бикарбоната, сечканиот ананас, кокосот и оревите и измешајте. Поделете ја смесата во 2 подмачкани плехови и печете околу 40 минути, на температура од 170 °С до 180 °С.
- Колачот ќе биде многу влажен и најдобро е да стои во фрижидер цела ноќ.
- Измешајте ги состојките за фил и нанесете го на двата дела од тортата, а потоа украсете ги страните и горниот дел.
- Одозгора украсете со ананас или со друго овошје по желба.
извор: Кафепауза