Тортата се подготвува многу брзо, едноставна е за правење, а вкусот е поезија!
Потребни намирници – 2 ќесички пудинг од ванила, 125 гр маргарин, 200 гр шеќер во прав, 300 грама посни кекси, 5 лажици кокос, 3 банани, 1 ќесичка шлаг (вода според упатството).
Подготовка
Сварете го пудингот во 6 дл вода и оставете да се излади. Во изладениот пудинг додадете маргарин изматен со шеќерот во прав. Изедначете ја смесата, па додадете го кокосот, иситнетите кекси и бананите исечкани на кругови. Убаво измешајте, претурете во тацна и обликувајте ја тортата со раце. Премачкајте ја со шлаг изматен со вода и ставете ја тортата во фрижидер да се зацврсти
извор: макмода