Оваа освежувачка тортa се подготвува за само петнаесеттина минути и е превкусна за јадење.
Состојки:
– 500 милилитри слатка павлака;
– 400 грама кисела павлака;
– 150 грама шеќер;
– 500 грама мелени бисквити;
– 500 грама смрзната малина.
Подготовка:
Изматете ја слатката павлака како шлаг, па потоа измешајте ги киселата павлака и шеќерот. Мешавината од кисела павлака и шеќер додадете ја во слатката павлака, па убаво измешајте. На таа смеса додадете бисквити и сè соединете убаво. Доколку смесата е доволно густа додадете млеко, па потоа повторно измешајте. На крајот додадете ги малините кои мора да бидат смрзнати затоа што смесата се меша, а потоа повторно се става во калапи.
Целата смеса ставете ја во фрижидер да се излади убаво (околу 1 час), а потоа може да сервирате и да уживате во ова слатко задоволство.
извор:точка.ком.мк