Живот и Стил

Топ пет дестинации за претстојното лето

Топ пет дестинации за претстојното лето

Иако е март и летото сè уште е далеку од нас, сега е вистинско време да почнеме да ги планираме своите претстојни жешки одмори.
Доколку „плачете“ за песок, сонце, а понекогаш и неподнослива топлина, веруваме дека за вас летото не може да стигне доволно брзо. Сепак, за да ви помогнеме да го изберете совршеното место на кое ќе уживате во сè што претходно напоменавме, ви претставуваме пет најдобри дестинации, кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

Од фантастични, кристално чисти води, плажи и историски знаменитости, дестинациите од нашата листа содржат „од сè по нешто“ за секого. Затоа, почнете со планирање и немојте да го заборавите својот костим за капење!

Мајорка

Ако идејата за вашиот совршен летен одмор може да се опише со бели, песочни и мирни плажи, задолжително посетете ја Мајорка. Оваа дестинација ви нуди многу повеќе од лежење на плажа – од истражување на сокриени пештери до антички катедрали, денови поминати во Serra de Tramuntana – локација која е под заштита на Унеско, до посета на еден од многуте градови.

Амстердам

Овој град е фантастичен без оглед на годишното време во кое ќе го посетите. За време на летото, тој оживува на посебен начин, а нам ни дава прилика да уживаме во бројните активности, од забава за време на денот и ноќта, до опуштање на урбаните плажи, истражување на градот со брод или уживање во скара после кино или театар. Изборот едноставно е неограничен.

Берлин

Берлин е град кој за време на летото добива совршена комбинација од уметноста и културата, театарот и операта, гастрономијата и ноќниот живот. Овој град поседува неколку фантастични базени, на кои се организираат летни забави, додека понудата на совршено освежувачко пиво е неверојатна.

Мајами

Забави покрај базен, Аква Паркови, сурфање, плажа и коктели – тоа е Мајами за време на летото. Од иконските Мајами Бич, преку округот Арт Деко или Мав Хавана, до посета на зоолошка градина и мочуришта кои се полни со крокодили во Националниот парк Еваргладис – Мајами секому може да му понуди нешто неверојатно интересно. Ова е град кој нуди многу повеќе од сјај и гламур.

Венеција

Со своите 177 канали, над 400 мостови и 139 цркви, Венеција мора да се истражи полека и внимателно. Најдобриот начин за уживање во Венеција за време на летото е на брод, со откривање на нејзините канали и лагуни. Од базиликата Св. Марк, до палатата на Цезар, овој град содржи бројни историски градби, музеи и уметнички галерии.

извор:точка.мк

To top