Тони Зен неодамна го најави својот нов, шести по ред студиски албум „Од изворот на изборот“, а како прв сингл беше објавена темата „Коан“. Новото издание веќе е пуштено во продажба од вчера, па по тој повод музичарот објави уште една нова песна, која му ја посвети на својот роден град Скопје. Како и на останатите седум песни, автор на стиховите е самиот Тони Зен, додека на музиката и аранжманот работеше самиот тој заедно со Кирил Бабамов и Ратко Даутовски. Придружните вокали ги пее Весна Малинова Бабамов, саунд инжињер на материјалот е Бојан Филиповски – “Gloomie”, истиот е сниман во “Knobs Keys ‘n Stuff” студио – Скопје, а миксан и мастериран од страна на Мите Димовски во неговото „Тра-ла-ла“ студио во скопско Бардовци.
„Град липа, премногу те сакам, колку и да смрдиш, јас нема да те оставам! Град липа, премногу сме блиски, иако повеќе не можам да те препознаам. Град липа, од година во година сите искуства низ тебе јас ги поминав. Град липа, премногу те сакам и кај да одам, пак се враќам“, пее Тони во новата песна, која можете да ја слушнете во продолжение.