Живот и Стил

Токму ваков капут носат сите трендсетерки оваа зима – ова е водечкиот тренд на сезоната

Токму ваков капут носат сите трендсетерки оваа зима – ова е водечкиот тренд на сезоната

Ако ги прашате модните експерти, ваквиот капут мора да се најде во гардероберот на секоја жена со стил оваа сезона.

Штом се појави, тој предизвика поделени мислења – додека на некои им се допадна уште на прв поглед, за други воопшто не е привлечен. Едно е сигурно, тој е вистински избор за похрабрите дами кои сакаат да бидат во центарот на вниманието.

Капутите во сите кроеви се многу популарни оваа година, а особено се истакнува оној со леопардски дезен. Модните списанија, но и социјалните мрежи за час ги преплавија фотографии од трендсетерки облечени токму во ваков модел.

Капутот со леопардски дезен ќе го „зачини“ секој стајлинг, но мора да водите грижа како ќе го комбинирате. Со мала грешка, можете да изгледате евтино и многу лошо.

Експертите советуваат воглавно да се носи во комбинација со едноставни парчиња облека, а најдобро е да се комбинира со монохроматски стајлинг.

Извор: точка.мк

To top