Сигурни сте дека врската во која се наоѓате е дисфункционална на одреден начин, но не сакате да ја прекинете, бидејќи мислите дека тој е сладок или дека можеби ќе зажалите за одлуката. Време е да престанете. Доколку мажот со кој сте во врска спаѓа во еден од следниве 7 типови, веднаш раскинете со него!
Женет
Дури и ако ви вели дека веќе не живее со сопругата или дека ќе се разведува. Никој не треба да ви каже дека транзициските врски или оние кои започнале со негово изневерување не можат да донесат ништо добро, особено не вистинска љубов.
Поранешното момче на вашата пријателка
Ако не сакате да ја загубите вашата пријателка засекогаш, не посегнувајте по нејзиниот поранешен партнер. Истото правило важи и за пријателите на вашиот поранешен партнер. Нештата се премногу комплицирани и веднаш знаете дека приказната ќе заврши со многу скршени срца и многу болка.
Вашето поранешно момче
Постои добра причина зошто сте раскинале. Треба да учите од своите грешки, а не да ги повторувате. Секако, старите навики тешко се искоренуваат, но одлучете веќе да не ги повторувате и ќе бидете посреќни.
Мажот што не може да ја преболи поранешната девојка
Колку време ќе биде потребно за тој да почне да зборува за вас? Ако некој сѐ уште е вознемирен или лут поради претходната врска, треба да направи пауза и да не се гледа со никого, сѐ додека чувствата не се смират.
Мажот што сака да бидете пријатели со неговата претходна девојка
Останале пријатели и уште се блиски. Треба сите да се дружите. Зарем ова ви изгледа разумно? Треба да му раскинете и тоа веднаш!
Мажот што е социјална катастрофа
Ако не можете да си замислите како се запознава со вашите родители или шефот, тогаш се работи за лоша инвестиција. Неговата социјална неприлагоденост може да биде од најразлична природа – почнувајќи од пиење премногу алкохол во јавност, до имањето несериозна кариера, а може да се работи и за човек кој нема основни социјални вештини. А, ако тој не може да се прилагоди во вашиот свет, тогаш не е вистинскиот за вас.
Мажот што одбива да порасне
Сите сакаат луѓе кои се млади во душата. Но, зарем некој би сакал да биде во врска со педесетгодишен тинејџер? Дали сѐ уште живее со родителите, дали има акциони фигури или постери во спалната соба? Знаците укажуваат на проблеми, а ваше е да одлучите дали сакате да живеете со тие проблеми.