Радио Милева роденденска порака

Тијана прва и го честиташе роденденот на сестра и Тамара со заедничка желба (ФОТО)

Тијана прва и го честиташе роденденот на сестра и Тамара со заедничка желба (ФОТО)

И малите деца знаат дека роденден е денот што го чекаме, цела година… До душа, најмногу кога сме деца, но и возрасните подеднакво му се радуваат на денот кога се родени, една година позрели, повозрасни, поискусни…

А токму денес , 1-ви јуни е денот кога пред не е важно колку години, зашто на дамите не им се бројат годините е родена, нашата пејачка Тамара Тодевска. Откако пред неколку дена одново стана актуелна во јавноста (иако рака на срце, никогаш и не престанала да биде) со новата песна „Слобода“, Тамара денес одново има повод за славење. А кога се слави роденден, правилата се јасни: едната страна чести и прима честитки, а другите честитаат и подаруваат… Не е важно кој што: Од убави зборови и желби, преку ситни и покрупни подароци, до емоции. Кој што и колку има, а и колкаво и колку широко срце поседува.

Фото: Инстаграм принтскрин/Мартин Трајановски

И бидејќи „крвта не е вода“, кој прв побрза со роденденските честитки, ако не таа – нејзината сестра Тијана. Познато е дека сестрите не само што се крвно, туку и многу емотивно се поврзани, особено, откако Тамара влезе во брачните води и се реализираше како мајка, па оттогаш секогаш кога е тоа можно, физички се заедно, но и кога се разделени, се чини дека се во мислите неразделни.

Затоа постарата побрза и јавно, преку социјалните мрежи прва да и го честита роденденот на својата помала дадичка. Подарокот можеби ќе стигне подоцна, и веројатно ќе биде единствен како и честитката, ама затоа желбата на Тијана уникатна и… заедничка:

„Љубов моја прва, среќен нека ти е роденденот, да си здрава, среќна и насмеана цел живот, и пак да бидеме слаби како на оваа слика… Те сакаааааам“ – напишала Тијана во роденденската порака до Тамара, покрај заедничката фотографија, веројатно од пред неколку години, кога Тијана ја претставуваше Република Македонија на „Евровизија“, а Тамара беше придружен вокал на сестра и.

Очигледно, посткарантинската „слобода“ покрај тоа што Тамара ја дочека со нова песна, сестрите од изолација по се’ изгледа излегле и со по некој килограм повеќе.  Како и да е, пораката – една, желбите – рој… Нека им се остварат и на обете, а роденденот…? Среќен нека е и од нас!

Фото: Инстаграм принтскрин

 

To top