Радио Милева роденденски подарок

Тијана наместо со торта, журка и подароци, роденденот го прослави со нова песна која таа им ја подари на своите фанови: „Слепа љубов“ (ФОТО)

Тијана наместо со торта, журка и подароци, роденденот го прослави со нова песна која таа им ја подари на своите фанови: „Слепа љубов“ (ФОТО)

Родендените обично се слават со семејствоито, најблиските, другарите, пријателите, со друштво… Коронапандемијата не принуди да се навикнеме на „новото нормално“, па и најважните датуму во животот да се навикнеме да ги одбележуваме поинаку.

Така направи македонската пејачка и актерка, со белградска адреса на живеење, Тијана Дапчевиќ, која „денот што го чекаме цела година“, во нејзиниот случај 3-ти февруари, го прослави на себесвојствен начин. Без роденденска торта, и журка, а наместо да добива подароци, роденденот го прослави со нова песна  која таа им ја подари на своите фанови, насловена  „Слепа љубов“.

Автор на музиката е Срѓан Лазиќ, кој заедно со Дејан Ивановиќ го напишале и текстот, додека аранжманот го направил Горан Ковачиќ. Видеото за песната го потпишуваат „LCF Media“, а режијата е на тандемот Матија Новаковиќ – Лука Преѓа.

„Еве ја! Новата песна, новиот спот, новиот роденден и по традиција, наместо торта ви подарувам песна – Слепа љубов“ – напиша Тијана на својот Инстаграм во описот на премиерата во етерот на видеото.

Иако не можеше да ги собере на купче своите најблиски и пријателите, Тијана доби огромен број честитки. Најмногу онлајн, дури и со вклучување во живо во некои од телевизиските емисии и програми како К1 ТВ на пример на Жељко и Јована Јоксимовиќ.

Роденденските честитки пристигнуваа и од колегите од естрадата, како Милица Тодоровиќ на пример…

Или нашите  познати  лица како Весна Бејби Петрушевска или Елена Миленковска…

Но сепак, веројатно најважни и најдраги се оние од семејството, од оние кои ти се крв. Нејзината сестра Тамара Тодевска соподели зедничка фотографија на својот Инстаграм покрај која напиша: „Среќен роденден сестро, те сакам до месечината и назад“!

А сега кога нејзината ќерка Хана и внука на Тијана има свој Инстаграм, мама Тамара не пропушти во име на Хана на тета Тијана да и го честите роденденот со кус видеоклип и напишана честитка.

Се’ на се’, на адреса на македонската пејачка Тијана Дапчевиќ за роденденот и пристигна многу љубов… Безрезервна и „слепа“, зашто кога некој навистина се сака, љубовта и не може да биде поинаква!

Среќен роденден и од редакцијата на Вистина.ком.мк!

 

To top