Радио Милева Како модел

Тијана е „бомба“: Новата девојка на Жика Јакшиќ е екс- сопруга на познат фудбалер, а осамнаа и нејзини приватни фотографии

Тијана е „бомба“: Новата девојка на Жика Јакшиќ е екс- сопруга на познат фудбалер, а осамнаа и нејзини приватни фотографии

Девојката на Жика Јакшиќ била во брак со познат фудбалер.

Дека љубовта не се знае за години уште еднаш докажа Жика Јакшиќ, кој по разводот со Дијана Пауновиќ повторно е во врска со дваесет години помлада девојка. Сега знаеме и која е мистериозната бринета која го украде срцето на продуцентот и водител на шоуто „Никогаш не е доцна“.

Како „Hello“ ексклузивно дознава, девојката на Жика Јакшиќ се вика Тијана Мијаиловиќ, таа е од Краљево и беше во брак со поранешен фудбалер на Црвена звезда со кој има син.

Таа на Инстаграм се потпишува како „Мајката на змејот“, а дополнително во описот на профилот стои дека се занимава со екологија и менаџмент, како и дека е членка на УНЕСКО.

Жика и Тијана за прв пат се појавија во јавноста минатата недела на приватна забава, а пријателот на Јакшиќ откри дека неговата нова љубов „го ставила ред“.

– Жика опасно се заљуби, таа не е јавна личност и воопшто не сака да се провлече низ таблоидите. Со оглед на тоа дека работи сериозна работа, не и треба таков маркетинг… Од пред шест месеци почнаа се повеќе да се среќаваат и да излегуваат заедно, па се случија „искри“. Жика беше тој што мораше малку повеќе да се потруди… Но, неговата нова љубов навистина го стави во ред, често се шегуваме со него дека не може да мрда од девојка, открива пријателот.

фото:Инстаграм/hello.rs

To top