Радио Милева

Тијана Дапчевиќ проговори за кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ (видео)

Тијана Дапчевиќ проговори за кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ (видео)

Кралот на народната музика Шабан Шалуќ претходната недела почина во тешка сообраќајна несреќа во Германија.

Имено, пејачот заедно со својот музичар и кум се упатил кон аеродром од каде имал лет за Белград кога друг автомобил удри во автомобилот каде што бил пејачот.

Неговото семејство, неговите колеги, пријатели, соработници со неверување ја прифатија веста за смртта на Шаулиќ.

Многумина имаат само пофални зборови за еден од најдобрите гласови и сопственикот на многу хитови.

Македонската пејачка Тијана Дапчевиќ за еден српски магазин откри што мисли за пејачот чија кариера траеше повеќе од 50 години.

„Јас сум исто како некој да ме удрил, некој со безбол палка. Знаеш она кога не можеш да веруваш… Не е фер, јас навистина не знам што друго да кажам. Не напушти прерарно, можеше уште да ни пее“ изјави Дапчевиќ.

Дапчевиќ истакна што мисли за Шабан.

„Бог, крал на народна музика, некој кој можеше се да отпее. Некој кој милуваше со својот глас. Некој кој беше вистински човек, голем професионалец, некој кој беше единствен, некој кој беше музика“ вели Дапчевиќ.

Пејачот беше погребен во петок во Белград, а на Комеморацијата и погребот присуствуваа голем број колеги меѓу кои Драгана Мирковиќ, Зорица Брунцлик, Цеца Ражнатовиќ, Саша Поповиќ, Верица Шерифовиќ, Аца Лукас, Ацо Пејовиќ, Дарко Лазиќ….

Шабан ќе остане запаметен по голем број хитови меѓу кои „Жал“, „Иду дану мајко моја“, „Ти ме вараш најбоље“, „Цвета“…

https://www.youtube.com/watch?v=StFty2Ii8DY&t=207s

To top