Не, немојте насловот да го сваќате погрешно… Тортата требаше да биде роденденска, но наместо со неа, македонската пејачка со српска адреса на постојан престој, себе си и своите обожаватели ги почести со нова песна, која го носи токму тој наслов – „Презир“.
„Среќен да ми е роденденот“. Наместо торта – нова песна од истите автори кои ја направија „Ресет“, зашто екипата што создава магија, не треба да се менува. Музиката и текстот ги направи Александар Делиќ – Динге, а Махир Сарихоџиќ го спакува сетоа ова во една прекраснотија“ – напишала тијана на својот Инстаграм профил повикувајќи ги своите фанови да ја преслушаат песната на најзиниот Јутјуб канал и да и пишат мислење.
Тијана за својот роденден на обожавателите им подари песна, која е дел од речиси сечија животна приказна. Безмалку секој од нас го минал тој дел на патот низ животот. Преслушајте ја и можеби ќе се пронајдете и вие себеси. Зашто не сте единствени, што го минале патот од обожавање до презир, од виорот на восхит до вртлогот на немир…
Слушнете ја „Презир“ и погледнете го видеото. Можеби ќе ви пристори дека сте се погледнале во огледалото на својот живот!