Не останува многу до крајот на нова година, се ближат новогодишните празници, период кога се собираат пријателите, семејствата, роднините, кога се делат новогодишните подароци, се китат домовите во новогодишно руво, се чувствува празничната и новогодишна еуфорија.
Остануваат уште речиси две недели до крајот на 2021, а познатите веќе започнаа да ги покажуваат накитените елки и нивните домови во новогодишно руво.
Познатите преку социјалните мрежи се пофалија со новогодишниот амбиент во новните домови.
По Сузана Гавазова, Мелита Ракиќевиќ, Александра Накова, новогодишното дрво го покажа и македонската пејачка со белградска адреса на живеење, Тијана Дапчевиќ.
Имено, Тијана во кусите приказни на „Инстаграм“ објави снимка од новогодишна елка во нејзиниот стан во Белград. Покрај новогодишните украси на елката, пејачката има и лампиони со посебно значење. Имено, таа има лампиони со имиња од нејзиното семејство односно лампион со име Тијана, сопругот Милан и синот Вук.
Пејачката е подготвена за новогодишните празници. Инаку, Тијана до неодамна беше во Македонија поради снимањето на шестата сезона на „Преспав“ во која ја игра улогата на Германката Ула.
фото: Инстаграм/тијана дапчевиќ