Пејачката Тијана Дапчевиќ во својата емотивна исповед проговори за абортусот и траумата што ја доживеала кога за прв пат забременила. Таа и нејзиниот сопруг Милан сега го имаат синот Вук (14), но признава дека првото искуство и било најболно.
– Пред да забременам со Вук, абортирав. Го изгубив бебето во деветтата недела од бременоста! Многу сакав да останам бремена, а кога конечно се случи, бев пресреќна. И тогаш ми се сруши целиот свет! Ми беше многу тешко.
За Милан и мене, тоа беше најголемата траума што некогаш сме ја доживеале. Имав среќа што тогаш налетав на д-р Снежана Ракиќ од ГАК „Народни фронт“, која ми го спаси животот! И не само што ме лечеше, туку ми пружи и психолошка поддршка. Таа ми рече: “Само опушти се и ќе имаш бебе за една година!” Така беше – вели Тијана.
View this post on Instagram
Според пејачката, овој трагичен настан ја зајакнал љубовта на Милан и нејзината.
-Кога го изгубив бебето поминавме низ пекол, но не ни помислувавме да се разделиме. Тоа не зајакна. Милан секогаш беше со мене, дури и во тие најтешки моменти.
– Отсекогаш сум велела дека ќе родам машко дете, мајкин син, кој ќе личи на мене. Тоа е Вук! Навистина сум исто јас, само е изграден на татко му. Сепак, тој е и тврдоглав и упорен наМилан. Никогаш не зажалив што имам само едно дете, Вук ми вреди за десет. Го родив првото бебе, а потоа не успеав да забременам по природен пат. Му реков: „Ако не забременам до септември, ќе одам на ИВФ!“ Во 2007 година, сестра ми Тамара Тодевска ја претставуваше Македонија на Евровизија, а јас работев на нејзиниот медиумски план. Бев фокусирана на тоа, не размислував за детето и тогаш останав бремена – изјави таа за Информер.