Лице в Лице

Тијана Дапчевиќ во поткастот кај Лазаров: „Јас ум ти како македонското здравство, кај мене мора да закажеш со мој термин за да ти дојдам“ (видео)

Тијана Дапчевиќ во поткастот кај Лазаров: „Јас ум ти како македонското здравство, кај мене мора да закажеш со мој термин за да ти дојдам“ (видео)

Пејачката Тијана Дапчевиќ беше гостин во најновиот поткаст кај Стефан Лазарав, а во долгиот муабет, Тијана опуштено раскажа нови и интересни моменти од нејзиниот приватен живот, нејзиното семејство и кариерата.

Интересно беше тоа што Тијана откри дека поканата за да се појави кај Лазаров ја добила месец дена пред да дојде и се разбира на шега се спореди со македонското здравство па, кај неа мора да се закаже со мој термин, иако без размислување прифатила со големо задоволство.

Дапчевиќ веднаш проговори за нејзината улога во  телевизиски проект „Преспав“ и кажа дека се снима секој ден од 8 ч до 7.30 навечер но, сепак бидејќи работата што ја работи ја сака нема никаков притисок околу тоа иако мора да стане секој ден во 5 часот наутро.

Таа меѓу другото потенцираше дека ова е седма сезона што ја снима  и досега не се случило никој да повиши тон меѓу себе, а тоа е она што останува да се памети.

Тијана за екипата на „Преспав“ потврди една многу важна работа, а тоа е дека  никако  не може да издвои ни еден колега и сите до еден и се омилени и со сите е блиска и меѓу нив владее само добра енергија.

Покрај таква атмосвера, таа иако вели дека е нова во глумата и во тие води одлично се снаоѓа.

– Благословена сум што ги имам нив за колеги во мојот живот и благодарна сум за нивната бескрајна подршка.

Во делот кога проговори за Eвровизија таа откри една сцена за годината кога настапуваше нејзината сестра,  пејачка Тамара Тодевска.

Тијана рече дека ќе и треба барем уште еден поткаст за да ја раскаже „бруката“ на познатата поп пејачка Мадона која настапи истата година на евровизија со Тамара, а досега за тоа на никого не откриле.

Тијана раскажа дека во моментот кога требало да настапи Мадона за која се сомневале дека навистина е таа или е можеби некоја нејзина копија, Тамара не сакала да послуша и да седне  како што и било кажано, туку се загрижила за нејзината тоалетаисамо  бесно и викнала: После ти ќе ми ја испеглаш таолетата ? – и заминала да пуши.

А како изгледаше Тијана и што уште кажа погледнете во видеото на јутјуб  каналот:


Фото: Принтскрин/Инстаграм/Преспав ФБ/поткаст Лазаров/Јутјуб

To top