Македонската поп-пејачката и актерка Тијана Дапчевиќ која живее во Белград со години оди на козметичар и посетува разни третмани за нега на кожа.
Таа е една од оние кои редовно ги следат трендовите и новите иновативните решенија кои и овозможуваат на кожата да изгледа негувано и свежо.
Пред своите следбеници на социјалните мрежи неретко знае да ги покаже козметичките зафати кои ги применува, а најчесто досега беа поврзани со чистење на лицето и маски но со возраста тие се сè поинвазивни, а сесиите се со поголеми барања.
Но секако, нормално е една поп-ѕвезда со вистински знаци на стареење да го промени начинот на кој се грижи за себе, бидејќи кожата се менува, ја губи еластичноста се јавуваат хиперпигментации и нови брчки.
За среќа, за секој од овие типови проблеми денес постои адекватен третман, кој Тијана исто така го практикува, а за негата на лицето и вратот е заслужна нејзината козметичарка, со која соработува долги години.
Таа ги пронашла сите маани на нејзината кожа и лесно ги отстранува, а токму тоа е рецептот за добар и негуван изглед со кој може да се пофали.
Пејачката сега на своите следбеници на „Инстаграм“ им покажа и дел од салонот за убавина кој што го посетува но и што точно направила.
Најпрвин следеше масажа на лицето и вратот, а потоа масажа со топчиња мраз кои го смируваат црвенилото кое настанало по првиот третман.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Тијана Дапчевиќ