Семејството е најголемото богатство кое го имаме, тоа е тука и во убавите и во потешките моменти од нашиот живот.
Членовите на семејството се оние кои не охрабруваат, поддржуваат, ни помагаат, оние на кои секогаш може да сметаме.
Деновите во изолација ги поминуваме токму со нив, со најблиските, со најмилите, со најсаканите…
Македонската пејачка Антониа Гиговска како и повеќето нејзини колеги, периодов го поминува со своето семејство и момчето Иван Јованов.
Тие неколку пати се вклучија во живот и се дружеа со фановите, а на прашањето дали живеат заедно, тие одговорија – не, но не се разделуваат.
Гиговска деновиве на социјалните мрежи гордо го покажа своето семејство, односно објави фотографија на која позира покрај родителите и нејзиниот брат, а во описот на истата напиша:
„Моето мало семејство“.
Објавата за краток период доби повеќе од 10 000 лајкови, а под истата се нижеа позитивни коментари.