Живот и Стил

Кои суплементи се неопходни во бременост?

Кои суплементи се неопходни во бременост?

Пренатални витамини се мултивитамини наменети за бремени жени, или жени кои планираат бременост. Споредено со конвенционалните мултивитамини, тие содржат повеќе од некои нутриенти кои се потребни во бременоста.

Пренаталните витамини треба да се земаат секој ден во текот на бременоста. Доколку планирате да останете бремена, може да почнете со земање пренатални витамини пред да останете бремена.

Во текот на бременоста, бебето ги зема сите потребни витамини, минерали и нутриенти од мајката, па затоа потребите за витамини, минерали и останати нутриенти растат во текот на бременоста. Пренаталните витамини содржат точна количина на нутриенти кои се потребни во бременоста.

Кои витамини и минерали се најважни во текот на бременоста?

Иако сите витамини и минерали се важни, овие 5 играат клучна улога кај бебешкиот раст и развој во бременоста:

1. Фолна киселина
2. Железо
3. Калциум
4. Витамин Д
5. Јод

извор:точка.ком.мк

To top