Како што Французинките го носат својот лежерен стил неоптоварено, така и Италијанките на себе ги ставаат сите луксузни парчиња кои ги поседуваат и ги „шетаат“ како да станува збор за некоја обична памучна маица и фармерки.
Ова се жени кои пораснале со познати брендови и врвна кожна галантерија, па не е ни чудно што успеваат да изгледаат средено од глава до пети.
Тука женственоста сè уште е број 1, па ретко ќе забележите премногу спортски детали. Се ценат фустаните, бундите, добрите јакни, здолништа и секако, скапите аксесоари кои ја збогатуваат секоја модна комбинација.
А најдобро од сè е дефинитивно тоа што италијанските жени воопшто не изгледаат како многу да се трудат околу своите стајлинзи.
Погледнете ги фотографиите во продолжение и – учете од најдобрите!
извор: кармин.точка.мк