Убавите моменти сами ги создаваме, во завсност колку сме подготвени да уживаме во животот.
ТВ водителката и инфлуенсерка, Елена Најдоски или попозната како „Живот со стил“ , знае како да создаде позитивна атмосфера па, затоа заедно со сопругот со повод заминааа на патување во најромантичниот град Венеција токму на неговиот роденден.
Таа на приказната на социјалната мрежа Инстгарам со следбениците несебично го сподели убавот поглед од престојот во Италија.
Но и додека пловеше низ водите со гондола, задоволно уживајќи во сончевите зраци.
Потоа сподели и дел од убавите моменти по повод роденденот на нејзиниот сакан.
Па со многу љубов му остави јавна порака, додека наздравуваа во еден ресторан :
– За минатото сегашноста и се’ она што ни доаѓа.
А со избрани зборови му го честиташе и роденденот на сопругот:
– Ти си мојата среќа и тага, мојата поддршка и партнер во се’. Среќен роденден, љубов моја!
Со тоа Елена уште еднаш потврди дека знае како да му го разубави денот на сопругот, но и таа да учевствува и да биде важен дел од подарокот.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Елена Живот со стил