Радио Милева

„Ти си Кинез од Македонија“ – Карлеуша со пофалби за Македонецот во „Ѕвездите на Гранд“

„Ти си Кинез од Македонија“ – Карлеуша со пофалби за Македонецот во „Ѕвездите на Гранд“

Се приближува и крајот на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, па кандидатите жестоко се борат да стигнат до финалето.

Во последната емисија на ова музичко шоу настапуваше и кумановецот Мартинијан Кироловски кој се претстави со песна од Сергеј Четковиќ и Саша Ковачевиќ.

фото:принтскрин/јутуб

Тој од жирито доби 5 гласа, тие не беа доволни за директно поминување во следниот круг, но Карлеуша имаше само пофални зборови за Мартинијан.

„Ти си Кинез од Македонија. Погледнете го како се смее. Луѓе тој е како Кинез. Многу си сладок, имаш прекрасна боја на гласот. Мене ми се допадна и твојата трема. Вие Македонците имате голема страст, мене тоа ми се допаѓа, изјави Карлеуша.

Останатите членови на жирито и тие имаат само пофални зборови, а Мартинијан успеа да се пласира во петиот круг.

https://www.youtube.com/watch?v=sxePxr1aLlI

To top